Пратеничката Ане Лашкоска денес на Седницата на Собранието на Република Македонија ја обвини власта дека процесот за потпишување на договорот го воделе сами без никакви консултации и вклученост на опозицијата и токму заради тоа не може сега сите да ја делат одговорноста.
-Сите грчки медиуми прогласија победа во спорот после потпишување на договорот. Македонската страна ги сприфати сите грчки позиции кои што ги имаа нивните политичари. Процесот го водевте сами, а сега сакате сите да ја делиме одговорноста за ововј штетен договор, рече Лашкоска.
Лашкоска додаде дека со овој договор се укинува македонскиот национален идентитет, својата култура, традиција, симболи и доколку поминат овие измени оваа држава ќе биде друга држава без историја и без идентитет.