Веќе на секого му е јасно оти на Македонија не и требаат манекени кои не бомбардираат секој ден со бројни прес конференции! Филипче и Комисијата за заразни болести ги губат не само битките, ами веќе и војната со невидливиот непријател Cov 19, обвинува Ане Лашкоска од ВМРО-ДПМНЕ.
Во продолжение следува нејзиниот Фејсбук статус:
„A благодарение на нивната ароганција, војната со овој непријател ја губи Македонија.
Кога веќе не можете да се снајдете, секоја нова одлука ви е како да се оди од шупливо во празно, признајте си ги грешките и побарајте помош од други стручни лица. А такви стручни лица во изминативе месеци видовме оти Македонија ги има!
Потребни се итни промени во Комисијата за заразни болести.
За доброто на сите граѓани на Р. Македонија, повлечете се! Одете си“.