недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Лашкоска: Ниту укорите од ЕК не допреа до власта, таа е решена да изгласа закон кој ќе удри врз правата на работниците

Лашкоска: Ниту укорите од ЕК не допреа до власта, таа е решена да изгласа закон кој ќе удри врз правата на работниците

„Недела неработен ден, месеци и месеци секој ден дали од собраниската говорница, дали на медиумите каде што гостувавте, дали вие, дали претставници на Владата, главна теза без разлика на која тема се разговараше, беше недела неработен ден. Ама почитувани колеги, ни на комисиската расправа, ни на седницата, ниту еден од вас нема да спомене недела неработен ден. Исчезна недела неработен ден“, истакна Ане Лашкоска, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница.

Лашкоска додаде дека Деловникот на Собранието на Република Македонија од 2008 година во член 135 предвидува дека содржината на секој предлог закон со кој се врши усогласување со правото на ЕУ треба да се содржи коресподентна табела со податоците на изворните акти на ЕУ, со полн назив, број, датум, како изјава за усогласеност. Односно треба да содржи информација со кои регулативи, директиви или конкретни препораки што се однесуваат директно на Македонија се врши хармонизација со европското законодавство.

„Укори пристигнаа и од самата Европска Комисија, т.е. од амбасадорот Гир во овие случаи,  за овие закони да не се злоупотребува европското знаменце“, потсети пратеничката.

Таа посочи дека но и тоа не допре до власта, па измените на законот за работни односи веќе ја поминаа комисиската расправа на Комисијата за европски прашања.

„Владејачкото мнозинство е спремно овој закон без разлика на штетите што ќе ги направи по правата на работниците да си го изгласа и тој да стапи во сила“, рече Лашкоска.

Најнови вести