вторник, 16. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Лашкоска: Прилеп и прилепчани не заслужуваат ваков игнорантски однос од власта

Лашкоска: Прилеп и прилепчани не заслужуваат ваков игнорантски однос од власта

На денешната расправа во Собранието, пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Ане Лашкоска истакна дека буџетот за 2019-та година е најмегаломански буџет во Република Македонија, а истовремено е популистички неразвиен буџет во кој нема ниту еден нов капитален проект на оваа влада.

-Слободно може да се каже дека Прилеп во 2019-та нема да постои за оваа власт. Во најмегаломанскиот буџет на оваа влада, Прилеп речиси не е споменат. После повеќе години за прв пат Прилеп го нема во буџетот на државата, освен во дел од здраството каде се планира реконструкција на дел од веќе реконструираната градска болница, рече пратеничката Лашкоска.

Таа до пратениците од СДСМ порача дека Прилеп и прилепчани не заслужуваат ваков игноратски однос од власта.

-Токму заради  ова поднесовме повеќе амандмани. Амандмани за проекти потребни за граѓаните на Прилеп, проекти кои дел ги вети ВМРО-ДПМНЕ и за кои сметаме дека сеуште се исклучително потреби за граѓаните на Прилеп, а дел се ветувања на СДСМ. Ветувања коишто беа изнесени на парламентарните избори во 2016-та, а  тие лажни ветувања беа потврдени на локалните избори 2017 година, потенцираше пратеничката Лашкоска.

Најнови вести