петок, 8. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Лашкоска: СДСМ насилнички сакаат да го протуркаат законот за спречување на корупција

Лашкоска: СДСМ насилнички сакаат да го протуркаат законот за спречување на корупција

СДСМ ниту сакаат држава без корупција, ниту имаат намера да донесат квалитетен закон кој е резултат на дебата, порачува Ане Лашкоска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија.

-Повторно сме сведоци како СДСМ и Владата насилнички и со ставање на европско знаме на предлог закон сакаат да го протуркаат Законот за спречување на корупцијата и судирот за интереси и со тоа да оневозможат дебата за истиот. По трет пат во собранието го доставуваат истиот предлог закон, најпрвин од страна на Владата, потоа по скратена постапка го предложија пратеници и сега повторно истиот текст го доставува Владата со европско знаменце и по скратена постапка, со што во Собранието имаме два исти закони во процедура. Ова е класичен пример дека власта не сака конструктивност и дебата по однос на законот за антикорупција, за кој толку долго ја замајува јавноста и меѓународната заедница. Не обвинуваа дека ние со предложените амандмани сме го кочеле процесот на носење на законот. Напротив амандманите поднесени од страна на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се суштински и значително го подобруваат законот во насока на поголема професионалност на антикорупциската комисија, зголемување на транспарентноста во работењето и намалување на корупцијата кај носителите на јавни функции во државава – се она за што од петни жили критикуваше СДСМ додека беше во опозиција, порача таа.

Лашкоска посочи: Ние и за овој закон повторно ќе ги поднесеме амандманите со кои се имплементираат забелешките на ГРЕКО, амандманите со кои ќе се овозможи поголема професионализација на Државната комисија и кои ќе ја намалат корупцијата во државава.

-Имено, амандманите на ВМРО-ДПМНЕ се од суштинско значење со што би се спречило антикорупциската комисија да се претвори во еден вид партиско тело за реваншизам и пресметки со неистомисленици на власта. ВМРО-ДПМНЕ преку амандманите сака да ја спречи злоупотребата на антикорупциската комисија и да создадеме комисија која што професионално ќе се бори против корупцијата и судирот на интереси во нашето општество. ВМРО-ДПМНЕ апелираше уште пред референдумот да се формира антикорупциската комисија. СДСМ чекаше цели 9 месеци откако сме без антикорупциска комисија, 9 месеци во кои не помина ден без корупциски скандал од страна на власта, за сега 5 до 12 да глумат дека наводно се заинтересирани за формирање на антикорупциска комисија. Јавноста во Република Македонија треба да знае дека СДСМ не сака да донесе закон што ќе ја намали корупцијата во државава, туку дека сакаат закон кој ќе им одговара само нив и со кој ќе си формираат антикорупциска комисија по нивен терк, формирање нов чадор што би им служел за притисок врз политичките неистомисленици, комисија над која Собранието ќе има минимална контрола. Апелираме до пратениците од власта да ги прифатат нашите амандмани со што конечно, заеднички, власта и опозицијата ќе донесеме закон кој ќе може да ја спречи и да ја сузбие корупцијата во Република Македонија, порача таа.

Најнови вести