Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Ане Лашкоска на денешната расправа во Собранието рече дека веќе десет месеци во Република Македонија не функционира антикорупциската комисија и целата македонска јавност е сведок на коруптивни скандали во државата.
-Факт е дека продолжението на денешната седница всушност е под притисок и под влијание на целокупната македонска јавност и под влијание на опозицијата затоа што ова прашање е актуелно во последните две недели, затоа што незамисливо е во една држава десет месеци антикорупциска комисија да не функционира, потенцираше таа.
Пратеничката Лашкоска истакна дека владејачкото мнозинство всушност сака да организира претседателски избори без постоење на антикорупциска комисија, затоа што на почетокот од дебатата беа кажани роковите кои ќе треба да се исполнат за да се избере антикорупциска комисија по овој закон.
-Ако до распишувањето на претседателските избори, владеачката гарнитура си дозволи да не се формира антикорупциска комисија ќе биде скандалот до сега невиден, додаде Лашкоска.