петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Лашкоска:Власта треба да ја прифати одговорноста што сеуште нема Стратегија за регионален и рамномерен развој

Лашкоска:Власта треба да ја прифати одговорноста што сеуште нема Стратегија за регионален и рамномерен развој

Денешното мое излагање ќе го започнам со критики за министерот за локална самоуправа кој што и при носењето на еден ваков значен стратешки документ не најде време да се појави во Собранието. Ова е важен, стратешки документ, но за жал немавме можност да имаме дебата. Ова го потенцирам зошто кога го носевме новиот закон за рамномерен, регионален развој причината за каснење на стратегија министерот се обиде да ја префрли на тој што бил министер пред него затоа што тогаш немав можност да вратам и еве сега проверив всушност министерот Милевски е министер од 2019 година така да не може одговорноста за периодот од 2019 година да се нема стратегија да се префрла на претходен министер за локална самоуправа. Односно чесно и доблесно е да се прифати одговорноста заради тоа што владата е оставена без ваков стратешки документ, изјави Ане Лашкоска, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ на денешното свое обраќање во Собранието.

Лашкоска во своето обраќање посочи дека стратегијата за регионален и рамномерен развој се однесува за периодот од 2020-2030 иако веќе има поминато повеќе од една година сеуште нема ништо да се реализира.

Заменик министерот во своето излагање кажа дека е стратегија која ќе важи во следните 10 години и нагласи дека е стратегија 2020-2030, но за жал веќе сме 2021 година и оваа стратегија која сте ја спремале една година помина. Во дебатата која ја имавме на комисија, кога се носеше законот кога се појави министерот тој кажа дека тој закон ќе важи за наредна стратегија од 2030 меѓутоа рано е да зборуваме за тоа. Притоа морам да потенцирам дека изминува и третиот месец од 2021 и јас не сум оптимиста декa проектите во 2021 ќе може да се реализираат во Република Македонија односно мислам дека општините се оставени да немаат време и можност да ги спремат и да аплицираат со проекти. Стратегијата повторно ќе претрпи измени заради како што потенциравте заменик министер заради пописот, но јас морам да потенцирам и на еден друг пропуст за мене исклучителен затоа што сметам дека кога се носи една стратегија е недозволиво во стратегија да нема периоди кога одредена мерка би се реализирала, додаде таа.

Најнови вести