Ане Лашкоска, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на денешната собраниска седница рече дека во Република Македонија се доживува крах буквално на секое поле на општественото живеење.
-За жал, оваа криза е системска, кризата не е само здравствена, кризата ја чувствуваме буквално на секое поле од општественото живеење, не само во Република Македонија, тоа е и во целиот свет меѓутоа треба да сме реални за да може да се збориме за таа криза. Кризата веќе ја чувствува и економијата, кризата ја чувствува и администрацијата и овдека во Собранието. Зборуваме за ребаланс на буџет за 2020 година втор по ред, а вие настапивте многу популистички и излеговте тука на говорницата и цитиравте датуми, направивте еден календар на настани на тоа што претседателот Пендаровски и Владата односно кога носела некакви уредби. Меѓутоа со тоа како да сакавте вие да ја минимизирате грешката во работењето на оваа влада во текот на сите овие месеци на корона кризата, лоцирајќи ги сите причини во ковид кризата. Се би било добро меѓутоа веќе кога цитиравте датуми добро би било да ги слушнеме и уредбите кои се носеа на тие датуми затоа што се уште во Собранието немаме видено ниту една од тие уредби ако се добри можеби некоја ќе ги преточиме во закон или пак тие уредби ги оставате така да лебдат за да може да продолжи криминалот да царува. Зошто не ја споменавте кога цитиравте датуми кога беше донесена уредбата за брусење на дијаманти во Република Македонија и зошто е таа уредба. Или уредбите за лиценци за марихуана во Република Македонија. За жал факт е дека во Република Македонија се доживува крах буквално на секое поле на општественото живеење, рече Лашкоска