понеделник, 25. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ласовска со порака до Ковачевски: Заборави ги струмичките финти и лаги

Ласовска со порака до Ковачевски: Заборави ги струмичките финти и лаги

Парламентарното мнозинство се обидува да ни каже дека овој мандатар и влада е нова свежина и надеж за Македонија, а не продолжение на заевизмот, а самиот мандатар повеќе се осврна на легтимитетот отколку на визијата за справуавање со проблемите. Мандатарот Ковачевски не учествувал на избори, ниту побарал доверба и го нема народниот легитимитет, рече Благица Ласовска, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ на вториот ден од собраниската расправа за составот на Владата предводена од Димитар Ковачевски.

Според неа најголем дел од министрите остануваат и се продолжение на хибридниот режим кој беше поразен на локалните избори пред неколку месеци.

„Преговорите за оваа Влада не ги водеше Ковачевски, туку Заев. Ковачевски беше само стаист. Најголема симболика за старо новата влада е есцајгот. Начинот на владеење на претходникот и останувањето на старите заеви кадри испраќа порака дека стариот монарх му ги предава златните лажици на новиот. Оттука и хедонистичка порака која вели да од вашите пари ние самонаречената елита ќе ве ограбуваме, уживаме, ќе владееме, а вие, плебсот ќе тонете во сиромаштија ќе гладувате, мрзнете и ќе молчите. А додека молчите и ги губите животите во распаднатите болници очекуваме аплауз. Ете зошто есцајгот е врв на иронијата, лудориите на старо новата власт“, рече Ласовска.

Оттука, по падот на власта, додаде таа, треба да се продаде есцајгот на аукција како прибор од кој јаделе последните дикатори од СДСМ.

„Ротираните кадри, носители на лошо менаџирање и слепи послушници на Заев се доказ дека нема визија за излез од катастрофалната состојба во државата со која владеат 5 година, а не се сменети кадри на ДУИ. Тие остануваат главни и со тоа се кажува дека тие се власт, а не СДСМ“, вели Ласовска.

Пратеничката посочи дека во државава има економска, здравствена, енергетска и топлинска криза, а мандатарот говори за економска благосостојба, раст на БДП, како да треба да заборавиме дека има галопирачка инфлација, граѓаните буквално немаат за леб, цените растат вртоглаво, парите немаат никаква вредност.

Дополнително, рече Ласовска, за само една година долгот на едно семејство изнесува 77.500 денари.

„Од оваа состојба новиот мандар не може да се изземе затоа што како заменик министер за финасии беше креатор на фискалните политики и го бранеше зголемувањето на јавниот долг кој надминува 65 проценти и ги надмина мастришките критериуми, а капиталн инвестиции нема и нема визија како да ги има“, вели Ласовска.

Таа се осврна и на европските интеграции за кои рече дека се во сериозен ќосрокак, власта постојано вели дека има датум за старт на преговорите со ЕУ.

„Никола Димитров кажа дека дека нема доверба и бил сведок на спремноста на Заев и Османи да попуштат во преговорите со Бугарија. На страна моето мислење за него, тој 5 години е дел од Владата, а 18 години дел од дипломатските процеси и ова не е само црвен аларм, туку е и голем пожар пред да биде фрлено шкорчето за тотално велепредавство“, кажа Ласовска.

На мандатарот Ковачевски, таа му порача „да не ги применува струмичките прочитани финти и лаги и да најде заеднички јазик со опозицијата“.

Најнови вести