четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Лазаров: Филипче направи матичните лекари да играат „брзи прсти“ за закажување на термин за вакцина од сезонски грип

Лазаров: Филипче направи матичните лекари да играат „брзи прсти“ за закажување на термин за вакцина од сезонски грип

„Имаме многу збунувачки пораки, препораки и одлуки кои се контрадикторни сами на себе. Кои што додатно прават револт на една веќе лоша ситуација каде што антивакциналното движење е доста интезивно. Не ни помагаат колеги со свои невнимателни изјави и многу треба да се внимава што се пласира како информација“, појасни доктор Ненад Лазаров при гостувањето во „24 Анализа“.

Лазаров додаде дека владата не носи мерки кои помагаат на граѓаните. Владата со мерките оди од крајност во крајност, од еден гол на друг.

„Потребна е стратегија, не треба толку чекање. Потребни се порестриктивни мерки бидејќи сега сме во фаза кај што не може да си играме, или да спречуваме, тоа веќе е поминато. Ние сега треба да правиме damage control“, нагласи Лазаров.

Лазаров во своето гостување се осврна и на вакцините зе сезонски грип.

„Проблемот настана во тоа што „Мој термин“ е многу убав систем за организирање на работата во медицината. Тоа го потврдија и со награди и го прифатија неколку други земји. На тој систем му недостигаат ресурси. Истото се случи и со вакцините. Тие пуштаат 3000 термини за цела Македонија кои што треба да ги опслужат 1622 матични лекари, а тоа се два клика. И точно тоа се случи. Во 6:30 харикирам пуштени термини тогаш, а во 6:33 нема термини веќе. Тоа беше веќе „брзи прсти“ матичните лекари станале во 6:30 за да фатата термини, резервираат термини и тоа сето е неправилно, без соодветна дисперзија, без редослед. Тогаш матичните работеле по принципот кој прв дојде до термин ќе опслужи пациенти“, рече Лазаров.

Лазаров посочи дека тој имал 200 пациенти на список за вакцина, но не успеал ниту еден термин да фати за пациентите. А, тоа се случило на 90% од матичните лекари.

„3000 вакцини за една држава се смешна работа. И преку медиуми матичните лекари дознале дека вакцини ќе имало и во петок. И тој ден пак ќе играат за „брзи прсти“. Матичните лекари за жал наместо да дознаваат од министерот, дознаваат од медиумите“, појасни Лазаров.

Најнови вести