Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека денеска во 16.15 часот завршија потребните проверки во врска со денешната пријава со закана за поставена експлозивна направа, по добиените пораки на приватни електронски адреси на 14 професори, и утврдено е дека станува збор за лажна пријава.
Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање, а потоа е извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажна пријава.