среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Лажни се дојавите за бомби во училиштата во Скопје

Лажни се дојавите за бомби во училиштата во Скопје

Министерството за внатрешни работи известува дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави од 16 училишта во Скопје по добиените пораки на електронски адреса со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.

Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.

Најнови вести