Пред почетокот на кампањата за предвремените парламентарни избори 2020 година граѓаните на Велес имаат неколку прашања до власта, до градоначалникот Аце Коцевски, но и до лидерот на партијата во заминување Зоран Заев затоа што предизборни во нивниот „План за живот“ во Македонија но, и во „План за живот“ во Велес го лажеа народот во нивен СДСМ-овски стил полн со небулози и едно големо „ЌЕ“ карактеристично за нивната манипулативна реторика, истакна Кирил Лазов од ВМРО-ДПМНЕ.
-Господине Коцевски крајно време е за транспарентна отчетност пред велешани и затоа ве прашуваме:
-До каде е чистењето на загаденото земјиште од тешки метали олово, цинк, кадмиум и до каде е отстранувањето на депонијата со олово-цинкова троска во близина на топилницата?
-Кога ќе биде изградена регионалната депонија за третман за цврст комунален отпад од Велес и околните општини?
-До каде е изградбата на мостот на реката Вардар и заобиколницата за намалување на загаденоста на воздухот и растоварување на сообраќајот во централното градско подрачје?
Ја злоупотребивте довербата на граѓаните и во целото предизборие го лажевте народот дека се ова ваши приоритети, а од приоритети ни „п“ .Само нереализирани проекти.
Господа од СДСМ ветувавте и инфраструктурни проекти, затоа велешани заслужуваат да добијат одговор.
-До каде е изградбата на автопатот Велес-Прилеп-Битола-Меџитлија?
-Се направи ли реконструкција на регионалниот пат Велес- Богомила?
-Реконструиран ли е стариот пат Велес- Градско?
-Каде се соларните железнички станици и каде е реконструкцијата на железничките станици од коридорот 10, 10 Д Велес-Чашка-Богомила?
Господине Коцевски во обидот да добиете нови политички поени, повторно тактички кокетирате и продолжувате да лажете.
Кажете ни до каде е катната гаража во центарот на Велес, до каде е гасификацијата на Велес, до каде е изградбата на колекторски систем и пречистителна станица за отпадни, фекални води во Велес?
-Каде се енергетско-ефикасните покриви на училиштата и детските градинки?
-Каде е трговско-деловниот објект „Градски Пазар“, каде е затворениот базен за пливање?
И секако има уште многу прашање на кои ќе побараме одговори и она што велешани ги интересира е дали и во оваа кампања ќе продолжите на ист начин и со истите манипулации да ги манипулирате и да настапувате пред нив со сите нереализирани проекти кои ги ветивте, а не ги исполнивте?
Деновите ви се одбројани господа. На 12 Април народот ќе ја казни оваа валкана и погубна политика на СДСМ. Одговорност ќе има. Ќе одговарате за сите криминали во вашето владеење. Обновата доаѓа.