Вирусот од рекет, сомнителни тендери, корупција прераснува во епидемија. Поминаа 6 дена од новиот скандал наречен Вирус во кој јавноста беше сведок на јавно признание на сопственик на фармацевтска фирма како сведочеше дека му е побаран рекет од Агенцијата за лекови. Шест дена молк од надлежните, истакна Кирил Лазов од ВМРО-ДПМНЕ.
-Внимавајте, побаран е рекет токму од оваа институција која е регулаторно тело – Агенцијата за лекови. Оваа е нов скандал Вирус, кој следи по повеќето како Рекет 1, Рекет 2, Кеш…. и да не ги набројувам сите, многу се. Не само што молчат надлежните од Агенцијата за лекови и од Министерството за здравство, во јавноста кружат и информации дека ова е само еден од низата вакви случаи, во оваа институција. Како да има пракса, на секоја фирма што ќе побара дозвола, решение и слично од Агенцијата за лекови, да им се бара рекет, рече Лазов и додаде:
„Оттука последниот случај е повод дополнително да се охрабрат сите сопственици на фирми на кои им бил побаран било каков надоместок, рекет веднаш да пријавуваат до надлежните. Мора сите да се охрабрат и да пријавуваат вакви незаконски и криминални дејствија зошто наскоро доаѓа обновата на Македонија. Наскоро вакви дејствија ќе бидат одлика на едно минато, црно време во кое владееше СДСМ. Повик до надлежните во Агенцијата за лекови да даде одговор на јавноста, за ова јавно признание за Рекет. Воедно, повик и до министерот за здравство, Венко Филипче познат како министер во чиј ресор се случија низа на скандали, сомнителни тендери, да се охрабри и да реши барем еден случај“.
Наскоро, потенцираше тој, на рекетот и сите сомнителни активности во здравството ќе им се стави крај. И не само во здравството, туку во сите области.