Состојбата со справување со ковид пандемијата е катастрофална, оттука и последиците се катастрофални. Има повеќе од пет илјади починати како последица на комликации од корона, рече доктор Кирил Лазов од Комисијата за здравство на панел дискусијата во организација на ВМРО – ДПМНЕ, а насловена како „4 години Заев, 4 години украден живот, доста е“.
Оттука, илуистрираше Лазов, според „Ворлдометар“ по број на починати на милион жители Македонија е на високо 4 место, а според американскиот институт „Хелт дата“ е на шесто место. Дополнително, американскиот институт, изрази сомнеж за точноста на бројките за починати кои ги презентираат надлежните или дека има два пати повеќе починати.
И не само што не се справи со корона кризата, владата предводена од СДСМ не реализираше ништо од ветеното во програмата.
-Ветуваа современ и функционален клинички центар во Скопје. По 4 години направија единствено една физибилити студија од 30 страници во која е одредена единствено цената од повеќе од половина милијарда евра. Нема проект, во цената не се вклучени геомеханички испитувања на земјиштето, водовод, канализација, пристапни патишта. Или физибилити студијата им е само покритие за пљачка. Или во Белград се гради клинички со исти перформанси и чини 125 милиони евра во Македонија над 500 милиони, евра или 400 илјади Филипче и Заев ги планираат за во џеб, рече Лазов.
Дoктор Лазов се осврна и на останатите нереализирани проекти.
-Велеа ќе започнат изградба на клинички центар во Битола. Апсолутна нула, нема план, нема проект, нема локација, нема ништо. На матичните им ветуваа зголемување на капитации од 55 на 90 денари, на стоматолозите од 40 на 70 денари. Им дадоа само трошки или покачување од 8 денари, или на матичните 63 денари, а на стоматолозите 48 денари, значи далеку од ветините 90 за матични и далеку од ветените 70 денари за стоматолози, рече Лазов.