петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Лефков до Шкријељ: Да поддржувате фрлање со филџан и лажно да сведочите дека имало настани од таков тип тогаш вие сте дел од проблемот

Лефков до Шкријељ: Да поддржувате фрлање со филџан и лажно да сведочите дека имало настани од таков тип тогаш вие сте дел од проблемот

Најпрвин секои кои не гледа проблем во однесувањето на Арбр Адеми во ваквиот начин на работењето на Собранието и секои кои не гледа проблем во начинот на завршувањето на 2 дена расправа треба да знае дека е дел од проблемот, истакна претеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков во вечерашното гостување во дебатната емисијата „Топ Тема“ на Телма Телевизија.

„Да поддржувате фрлање со филџан и да продолжувате со лажно сведочење од овој тип дека имало такви настани и некои бил удиран тогаш треба да знаете дека сте вие дел од проблемот“, рече Лефков обраќајки и се на Санела Шкријељ .

Лефков додаде дека вистината мора да биде кажана, ако сакате да се почитуваат законите, правото, Уставот и Деловникот во тој случај приоритет треба да биде процедурата. Затоа што процедурата е заштитник на почитувањето на уставот и на законитоста.

Лефков потенцираше дека Арбр Адеми треба целосно да си ја превземе одговорноста.

Тој посочи дека чувар на процедурата се оние кои претседаваат со телата и со комисиите, додека пак вчера чуварот на процедурата Арбр Адеми го видовте како се однесуваше.

„Не може министер за труд и социјална политика да менува закон и да го продолжува мандатот на судии и јавни обвинители а министерот за правда го нема никаде и оддржува тривијални состаноци“, дециден е Лефков.

Лефков вели дека потребно било да имаат прилика за да побараат точката да биде тргната и да му биде вратена на Талат, но Арбр Адеми не ни дозволи тоа да го направиме. Ние зборуваме за како тоа со адмандмани да измениме закон каде местото не му е таму и тој не треба да се менува бидејќи мандат на судии не треба да се менува со закон за работни односи.

Најнови вести