среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Лефков: Џафери ја злоупотребува својата функција, интерпелацијата не е закон па да го толкува членот 136 од Деловникот

Лефков: Џафери ја злоупотребува својата функција, интерпелацијата не е закон па да го толкува членот 136 од Деловникот

Миле Лефков, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“, денеска во емисијата „Жешко политичко лето“ на Канал 5 телевизија запрашан за интерпелацијата поднесена за Талат Џафери појасни дека претседателот на Собранието ја злоупотребува функцијата.

„Не треба да навлегуваме во таква дебата, со навлегување во таква дебата тоа би било оттргање на вниманието од вистинскиот момент. А, тоа е дека господинот Талат Џафери во повеќе наврати ќе ги повреди и Уставот и Законите, но и процедурите во самото Собрание, и поради тоа е поднесена таа интерпелација. Ако ги погледнете информациите денеска тој ја врати интерпелацијата поради наводно непочитување на членот 136 од Деловникот, односно дека не се содржани сите елементи. Но, членот 136 од Деловникот е поврзан и со членот 135 со кои се предвидени кои составни делови треба да ги има законот како поднесок во Собранието. А, интерпелацијата не е закон и не преставува поднесок од таков вид, така да уште една имаме неделовничко одбивање и злоупотреба на неговата положба“, истакна Лефков.

Лефков во текот на гостување се надоврза и на Резолуцијата и истакна дека овој документ е да се создаде национален консензус за најзначајните прашања кои што постојат во државата и таков вид на резолуции донесуваат и други држави.

„За, жал гледате кај нас меѓународните односи се базираат на целосно приватизирање на преговарањето односно на „решавање“ билатералниот спор помеѓу Македонија и Бугарија. Наместо да се обединиме сите политички партии без разлика на тоа дали се власт, дали се опозиција, или без разлика на некои други идеолошки определби најзначајните национални прашања треба да бидат формулирани во црвени линии, донесени токму во највисокиот Законодавен дом, во Собранието на Република Македонија. Токму Резолуцијата ќе ги зацврсти нашите позиции, и тоа ќе ни даде силна преговарачка позиција со нашиот сосед“, нагласи Лефков.

Најнови вести