Денот потоа започна на први ноември веднаш по оставката на Заев. Сега од утре ќе започне и тоа официјално, ќе започне тоа да тече и официјалните рокови, меѓутоа сето тоа започна со волјата на граѓаните кои што рекоа НЕ на хибридниот режим, затоа беа резултатите такви какви што беа. На 31-ви вечерта ја видовме оставката на Заев, видовме Влада која што нема никаков ни легитимитет, ни кредибилитет, ниту политичка волја да ја води државата. Гледаме дека имаме држава во која што власта нема мнозинство и имаме опозиција која што има мнозинство, власта нема ниту претседател на Влада, власта нема ниту претседател на партија, тие се во оставка. Видовме еден театар со кој што ја одложија оставката на неодредено време, целосно аматерски и смешно за секој кој што барем малку разбира што е тоа оставка“,истакна Миле Лефков, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за „Обнова на Македонија“ во емисијата „Топ Тема“ на телевизија Телма.
Лефков додаде дека оставката според Уставот и според Деловник треба да заврши во Собрание, а не таа оставка да завршува во политичка партија.
-На крајот од денот за оставка се констатира, не се гласа. Кога доаѓа во Собрание за сите оставки се констатираат, а не се гласаат, појасни Лефков.
Лефков посочи дека во овој момент граѓаните бараат спас од Владата на Заев.
-Има доволно луѓе кои ќе се нафатат да ги средат напластените проблеми кои ги остави оваа неспособна власт. Граѓаните конечно ќе се спасат од неспособната влада на Зоран Заев, рече Лефков.