сабота, 30. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Лефков: Соларниот картел има длабоки врски во СДС, Паунов, кум на Ковачевски, е поранешен функционер во СДС, советник во Град Скопје и претседател на партиски совет

Лефков: Соларниот картел има длабоки врски во СДС, Паунов, кум на Ковачевски, е поранешен функционер во СДС, советник во Град Скопје и претседател на партиски совет

Аферата „Броило“ раѓа нови факти. Соларниот картел сконцентриран околу дезертерот Ковачевски, кој е фатен како врти 26 милиони евра, ги открива и длабоките корени, кои овој картел ги има во самата СДС. Имено Горанчо Паунов, освен што е кум на Ковачевски, освен што е основач на КМГ ЕОЛ Квазар, освен што е коосновач на „Пиксел груп“ заедно со Ковачевски е и партиски пиун во СДС, обвинува Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение следува интегрален текст од неговата прес-конференција:

Во 2005-та година Горанчо Паунов, тогаш е актуелен претседател на општинската организација на СДС во Гази Баба, и на локалните избори во 2005-та година, СДС го става на листата за советници во општинскиот Совет. Практично кумот на Ковачевски е советник во Советот на Општина Гази Баба во мандат од 2005-та до 2009-та година. Согласно актуелните случувања и кривичната пријава, која Горанчо Паунов ја има за извршен надзор на проектот за поставување на улични лед светилки и бандери во Гази Баба. Кој што криминал е тежок над 11 милиони денари покажува дека Горанчо Паунов уште во далечната 2005-та година, ги поставува корените, за сега само од позиција на бизнисмен СДС да го ангажира него и неговата фирма за вршење на надзорот каде Финансиската полиција утврдува дека се ставани потписи за нешто што воопшто не постои.

Длабоките конекции на Паунов со СДС и функциите во партијата сега му овозможуваат да заработува.

Вториот факт за поврзаноста на Паунов, не само со Ковачевски, туку и со СДС е неговото именување за кандидат за советник во Советот во Град Скопје во 2009-та година. Функциите во СДС продолжуваат и во 2013-тата година, кога кумот на Ковачевски е избран за претседател на Советот за инвестиции и инфраструктура, партиска позиција во рамки на СДС.

По доаѓањето на СДС на власт, во 2017-та година, почнува бумот на соларниот картел.

Ковачевски и неговиот кум преку фирмите од аферата „Броило“, која зазема милионски димензии земаат државни тендери во вредност од 2 милиони евра, и склучуваат договор со ЕВН исто во износ од 2 милиони евра.

Аферата „Броило“ откри дека кумот и кумашинот работат за личен, но и партиски бизнис интерес.

Ние продолжуваме со објавување на детали од соларниот картел, за кој одговорност мора да има.

Најнови вести