Во аферата „Броило“ станува збор за соларниот картел, кој се формира со формирањето на фирмата која ја основаат Ковачевски кој сега ни е премиер и неговиот кум Паунов, кој практично фирмата ја формираат на 5 месеци откако СДСМ доаѓа на власт, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков за „Заспиј ако можеш“ на Алфа телевизија.
Лефков истакна дека во оваа афера има очигледно тргување и очигледна корупција.
-Овде гледаме дека се поврзува сопственичката структура помеѓу Пиксел фирмата на неговиот кум ЕОЛ Квазар и гледаме подоцна поврзување со бугарските фирми кои треба да инвестираат во ТЕЦ Осломеј. Поврзување со АЕ Солар Хорајзон фирма која е основана во Бугарија откако Ковачевски доаѓа на власт. Една информација само да видите за што станува збор. Фирмата на Ковачевски и неговиот Кум, Паунов е формирана на 3 ноември 2017, односно 5 месеци откако СДСМ доаѓа на власт. За неполна година Пиксел Груп отвора фабрика во Кочани за фотоволтаични панели, а на отворањето е целиот државен врв во тоа време односно цело СДСМ, истакна Лефков.
Тој посочи дека тука се е базирано на документи и исплати, односно дека станува збор за исплати и за доделување на државна помош на фирма која основал премиерот и подоцна исплата на тендери на фирмата основана од неговиот кум.
-Фондот за иновации му доделил на Пиксел Груп 4 исплати, 4 милиони и 324 илјади денари, а државна помош од владата добива во 8 исплати, и тоа 27 милиони и 262 илјади денари или 443 илјади евра. Од кои 12 милиони и 500 илјади денари се исплатени на 29.12.2021 на два дена пред Нова година, а на 12.12.2021 Ковачевски стана претседател на СДСМ и кога го бираат за мандатар. Владата која беше во оставка и каде заменик министер беше Ковачевски, ги префрлила тие пари, рече тој.
Додаде дека приказната станува уште посложена, затоа што кумот на Ковачевски формира друго друштво КМГ ЕОЛ Квазар и таа фирма со СДСМ на власт добива 2 милиони евра државни тендери.
-Се фалеа дека ќе донесат етички кодекс за однесување на функционерите каде членот 5 вели дека член на владата на прво место треба да става јавниот интерес и не смее да овозможува остварување на интереси за лични или на негови блиски лица. Фирмата која ја основал која тој ја основал со блиско лице, односно кум да не убедуваат дека тука нема судир на интереси и тргување со влијание. Значи станувате претседател на политичка партија, ве избираат за мандатар и владата во оставка на вашиот поранешен партнер и кум, докажано блиско лице префрла огромна државна помош на таа компанија. Ковачевски формално правно излегува, но неговиот кум продолжува и тука се случува судир на интереси и тргување со влијание, изјави Лефков.