Членовите на Извршниот одбор на Лекарската комора и претседателката на Комората одржаа прес-конференција на која што не коментираа воопшто за содржината на стручниот надзор за родилката Јалдз Веапоска од Дебар ниту одговорија зошто точно настапило крвавењето во нејзиниот случај по што морале да бидат отстранети органи, пренесе Слободен печат.
Не се познати имињата на членовите кои го правеле надзорот, зашто како што рече претседателката на комората, нивните имиња се загарантирано безбедни.
-Поради притисоци од семејствата, пациентите и други колеги, имињата на членовите се загарантирано безбедни, рече доктор Гривчева Страделова.
Извештајот од надзорот не влијае на тоа дали ќе се покрене понатамошна судска постапка од страните во процесот. Претседателката рече дека лекарска грешка утврдуваат судски вештаци, а не комората.
Извештајот е доставен до Министерството за здравство, што според Комората ќе го има крајниот збор.
Состојбата од извештајот се прави од достапната медицинска документација, прибраните изјави во моментот кога комисијата е таму, членувањето во комисијата е доброволна.
На Мухамед Асани, работењето во Извршниот одбор во Лекарската комора му е ставено во мирување додека да заврши целиот случај, информираше претседателката на комората доктор Калина Гривчева Страделова, пренесе Слободен печат.