недела, 14. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

ЛИДЕР: Двајца пратеници на ДУИ се бунтуваат – Можно е одлагање на денешната седница!!!

ЛИДЕР: Двајца пратеници на ДУИ се бунтуваат – Можно е одлагање на денешната седница!!!

Можно е одлагање на денешната седница за избор на претседател на Собранието и утрешната за избор на владата. – дознава Лидер од висок партиски извор во ДУИ, пишува порталот Лидер.

Како што дознаваме, двајца пратеници на ДУИ се бунтувале против изборот на министри кој го направи Али Ахмети.

Седницата можно е да не се одржи денес, бидејќи во ДУИ има 2 пратеници кои се против предложените нивни министри, бараат дополнителни разговори со Ахмети.

Информациите се дека незадоволството е од Османи и Артан Гриби. Интересно е што Груби добил поддршка и од Мијалков кој активно лобирал.
Во СДСМ пратениците се под контрола, но некои 2 пратеници од коалицијата биле незадоволни за ветени а недобиени позиции. – брифира за Лидер извор од собранието.

Седницата за избор на претседател на Собранието треба да се одржи денес, но, да видиме дали ќе се реализира најавеното.

Најнови вести