Изгоре голем дел од трговскиот центар Глобал и причинета е голема материјална штета.
ЛИДЕР објавува анализа за тоа кој е виновен за овој пожар.
„Мора да знаеме дека овој трговски центар е изграден во 2008 година и претставуваше дивоградба. Тогашен градоначалник на Струмица, а сега актуелен премиер на Македонија, Зоран Заев, за малку ќе завршеше во затвор поради тоа што нелегално изгради објект на државно земјиште и за кое се водеше постапка за денационализација.
Оваа дивоградба која подоцна беше легализирана благодарение на аболицијата за Заев од Бранко Црвенковски, дивоградбата сега веќе е легална, а пред два дена изгоре голем дел од неа.
Треба да ни биде јасно следново. Уште од самиот почеток во оваа градба не е вграден противпожарен систем. За тие што се помалку упатени, станува збор за прскалки и аларми кои се вклучуваат кога имам одреден чад. Нема противпожарен систем во објект изграден во 21 век“ – објави порталот!