петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Лимани: ДЕГЕНИ! Секогаш кога им е загрозена власта ги спомнуваат НАТО и ЕУ

Лимани: ДЕГЕНИ! Секогаш кога им е загрозена власта ги спомнуваат НАТО и ЕУ

Секогаш кога им е загрозена власта, тие ги спомнуваат: Америка, Европска Унија и НАТО. Всушност тие се против падот на криминалната власт, која не се задоволува со присвојување општото погатство. Абе гревчиња, каде Америка се занимава со докажани криминалци, кои за две децении жив го дерат народот на оваа земја, пишува Фатмир Лимани, кој беше кандидат за градоначалник на општина Кичево.

„Последни докази дека пред се ги интересира богатењето од злоупотреба на народните фондови се:

• Прогласување на вонредна состојба поради електричната криза, која однапред ја имаа испланирано и наместено, за продажба и купување на електрична енергија преку компании создадени и управувани од тие кои ја прогласија кризната состојба !!!

• Промовирање на проектот за пругата Кичево-Лин, кој го обновуваат секогаш кога же им дојде јајцето до г…., а кој во последната деценија не е поместен од нулта точката ниту милиметар.

• Го промовираа и проектот Коридорот 8, однапред испланиран да помине низ нивните шатори и каменорезери во легендарниот Буковик, а од кој корист ќе имаат само оние кои го правеле планот.

• Ќе го направат патот Тетово-Призрен, проект кој како и десетици други проекти ќе остане само нацртан хартија слично како автопатот Кичево-Охрид, Скопје-Блаце… итн.

Плановите дизајнирани со мапи додадени на Буковик нема да ја видат светлината на денот бидејќи времето на диктаторското животно дејствување е во фаза на вечно заоѓање. Казната ви доаѓа викендот, за сите досегашни злодела„ – пишува Лимани.

 

Најнови вести