понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ЛИНДАНОТ ВО ОХИС Е ТЕМПИРАНА БОМБА: Огнот се уште беснее, еден пожарникар однесен итно во болница – НАЈНОВИ ДЕТАЛИ!

ЛИНДАНОТ ВО ОХИС Е ТЕМПИРАНА БОМБА: Огнот се уште беснее, еден пожарникар однесен итно во болница – НАЈНОВИ ДЕТАЛИ!

Еден пожарникар во моментов е во болница поради вдишување на чад при гаснењето на пожарот во фабриката Охис.

Според нашите информации тој е однесен на токсикологија, а засега не се знае неговата состојба.

Според заменикот командир на скопската против пожарна единица пожарот бил раширен од неколку места во дворот на фабриката, а зафатена била и административната зграда.

Во овој момент според него не се знае дали е во опасност депонијата со линдан кој доколку дојде во судир со огнот би предизвикал катастрофа во главниот град.

Според информациите од терен олеснителна околност е тоа што само мал дел на трева имало во делот на депонијата каде се наоѓа оваа опасна и отровна материја.

Инаку во фабриката се наоѓаат илјадници тони линдан, а истиот  е пестицид, кој порано се користел во земјоделството.

Белиот прашок служел како инсектицид, а со неговото одвојување од другите соединенија се создала огромна количина токсичен отпад кој се депонирал на отворено. Погонот за производство на овој пестицид имал најмалку вработени, но носел најголем профит за ОХИС.

Најнови вести