понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Лога ја поддржа иницијативата на Општина Центар за конфискација на бесправно изградени објекти

Лога ја поддржа иницијативата на Општина Центар за конфискација на бесправно изградени објекти

Министерот за правда Кренар Лога оствари средба со градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски на која беше информиран за иницијативата за конфискација на изградени објекти со бесправен статус и нивна реупотреба, известуваат од Министерството за правда.

Како што посочуваат од Министертсвото, Лога ја поддржува иницијативата на Општина Центар за изнаоѓање законско решение со кое биде се конфискувале на дивоградбите и би се овозможиле пренамена на овие објекти.

– Целта на иницијативата е да се најде решение и да се овозможи конфискација на бесправно изградените објекти и нивна пренамена во функција на општината, односно државата, соопштуваат од Министерството.

Оттаму посочуваат дека за реализација на оваа иницијатива неопходно е да се интервенира во две законски решенија: Законот за постапување со бесправно изградени објекти и Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривичната и прекршочната постапка.

Најнови вести