вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Локализиран пожарот на Скопска Црна Гора

Локализиран пожарот на Скопска Црна Гора

Пожарот што вчера попладнето избувна на Скопска Црна Гора, кај местото викано Влаин гроб, во село Матејче, утринава е локализиран, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Со пожарот беше зафатена нискотеблеста шума и сува трева, а бил локализиран од екипи на Територијалната противпожарна единица Куманово и ЈП „Македонски шуми“.

Пожарот вчера вечерта почна да се шири кон селата Никуштак, Виштица и кон Матејче во горниот дел од планинскиот превој, а гаснењето беше отежнато поради ветрот и непристапниот терен.

-На 18.03.2019 во 14.30 часот во Полициското одделение Матејче било пријавено дека на место викано „Влаи Гроб“, атар на село Матејче, Скопска Црна Гора настанал пожар во кој горела нискотеблеста шума и сува трева. На 19.03.2019 во 08.00 часот пожарот бил локализиран од екипи на Територијалната противпожарна единица Куманово и ЈП „Македонски шуми“, информираат од МВР.

Најнови вести