Со брза интервенција на територијалната противпожарна единица од Гевгелија доцна попладнево беше локализиран пожарот кој изби на потегот меѓу селата Богородица и Стојаково, под ридот Рудине.
Постои сомневање дека пожарот е предизвикан од сточари кои од тука минувале.
По избивањето пожарот набргу ги зафатил земјоделските површини на териториите на општините Гевгелија и Богданци и блиската борова шума. Пожарникарите од Гевгелија брзо интервенирале и го ставиле огнот под контрола, а доцна попладнево е локализиран со што е оневозможено негово ширење кон селото Стојаково.
Истовремено избил пожар и во близина на автопатот кај селото Прдејци кој зафатил дел од крајпатните треви, но не ги зафатил лозовите насади на фирмата „Виторија грапс“.
Пожарот бил локализиран од пожарникарите и вработените на лозовата плантажа.