Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска во вечерашното гостување во емисијата Топ тема говорејќи за криминалот и корупцијата, изјави дека нема чувство дека институциите се борат против криминалот и корупцијата.
-Јас сум поборник дека треба да се бориме против криминалот и корупцијата пред се да не дозволиме некој да биде амнестиран од било какви дејствија, бидејќи кога сме седнале на било која позиција сме си ветиле дека ќе работиме транспарентно и законито. Има институции кои што треба да се превенираат и да се борат против криминалот и корупцијата. Јас многу пати кажувам дека само координирано сите институции кои што имаат овластувања треба да постапуваат, изјави Лукаревска.
Новинарката ја праша дали има чувство дека сите институции постапуваат, Лукаревска рече дека нема.