Носителката на листа од ИЕ2, од коалицијата „Можеме“, Сања Лукаревска, денеска го посети локалитетот „Студена вода“ кумановско, кој изминатиов период интензивно се уредува и ќе стане атрактивно излетничко место.
Локалитет интензивно се уредува, бидејќи потенцира Лукаревска важно е секој потенцијал да биде искористен и ставен во функција на граѓаните.
За уредувањето на ова излетничко место кое се наоѓа на пет километри од градот и пристапниот пат, вложени се над 11 милиони денари, најголем процент од програмата за рурален развој.
-Во изминатите три години докажавме дека знаеме да ги решаваме работите на ефикасен и на праведен начин, дури и во најтешкото не се откажавме, туку продолживме напред и успеавме. За следниот мандат СДСМ и Коалицијата „Можеме“ обезбедуваме нов развоен концепт, нова македонска развојна економија, за стабилен раст, повисоки плати и шанса за сите, рече Лукаревска.
Кризата предизвикана од коронавирусот, додава Лукаревска ја виделе како можност за брза трансформација на економијата, посочувајќи ги мерките наменети и за граѓаните и за компаниите.