вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Лукаревска во Арачиново ја престави програмата на СДСМ за престојните избори

Лукаревска во Арачиново ја престави програмата на СДСМ за престојните избори

Носителката на пратеничката листа на Изборната Единица 2, од коалицијата “ Можеме”, Сања Лукаревска, денеска е во посета на општина Арачиново. Лукаревска информираше за економската понуда од програмата “Можеме” и кажа дека во новиот мандат ќе е отворат нови работни места, ќе се обезбедат повисоки плати и пензии.

-“Во изминатите три години, градиме општетство еднакво за сите. Права, правда, услови и можности сите граѓани подеднакво во држава која напредува во секој поглед. Направивме пресврт на подобро. Денес се обврзуваме на нови цели пред граѓаните, бидејќи знаеме и умееме. Имаме решенија за иднината. Преку брза трансформација на домашната економија, креираме нови работни места. Нашата понуда обезбедува повеќе инвестиции, нови работни места и повисоки плати. Градиме нова развојна економија и поддршка за домашни и странски инвестиции во износ од 600 милиони, што ќе придонесе за уште поголем пад на невработеноста. Успеавме и во тешка криза предизвикана од Covid-19, да ги зачуваме работните места, со економските владини мерки. И по 15 јули ќе продолжиме да ги штитиме работниците и нивното работно место, а по завршувањето на кризата неврабоптеноста ќе ја намалуваме на ниво од 3 % годишно. Во новиот мандат, платите ќе продолжат да растат и до крајот на 2024 година, минималната плата ќе изнесува 20.000 денари, додека просечна плата ќе биде 34 000 денари, истакна Лукаревска.

Пензиите ќе растат заедно со платите, а најниските пензии ќе ги покачиме за најмалку 21 %”, рече Лукаревска, додава таа.

Најнови вести