петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Маја Морачанин повторно избрана за претседателка на ДОМ

Маја Морачанин повторно избрана за претседателка на ДОМ

На денешниот Петти конгрес на Зелената партија ДОМ, за претседател на партијата повторно и едногласно е избрана досегашната лидерка, Маја Морачанин.

Заблагодарувајќи се на довербата, Морачанин нагласила дека ДОМ и во иднина ќе биде активен и конструктивен фактор во политичкиот пристап за решавање на сите општествени проблеми и прашања.

-Политиката на Зелената партија ДОМ не треба да се врзува само со еколошките теми и климата, туку и со почитувањето на човековите права, социјалните права, недискриминацијата, како и со политиките за развој на зелената економија, истакнала Морачанин.

Како што информираат од партијата, делегатите на конгресот (309), исто така, едногласно го избрале и новиот состав на Централниот и Надзорниот одбор на партијата, а биле усвоени и Извештајот за работата на ДОМ во периодот од 2018 до 2022 година, како и Предлог-програмата за работата на Зелената партија ДОМ во периодот до 2026 година.

-Пред делегатите и многубројните гости од другите партии, пратеници и претставници од Владата, на почетокот на Петтиот конгрес на ДОМ, се презентираа и поздравни говори на претставници на Европските зелени од повеќе земји-членки на ЕУ, како и на зелени партии од земјите во регионот. Тие јасно ја изразија поддршката за продолжување на Северна Македонија на патот кон Европската унија и поддршката на придонесот на Зелената партија ДОМ, што го дава во таа насока, информираат од ДОМ. (МИА)

Најнови вести