среда, 3. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Мајката на усмртеното девојче во Велес пуштена на домашно лекување, полицијата трага по возачот

Мајката на усмртеното девојче во Велес пуштена на домашно лекување, полицијата трага по возачот

Велешата полиција го пронајде возилото „Мерцедец“ со велешки регистерски таблички, а се уште трага по 29-годишниот А.Н. кој е осомничен дека доцна синоќа околу 22:15 часот на пешачки премин на ул „.Борис Трајковски“ во близина на ООУ „Васил Главинов“ во Велес усмрти 11 – годишно девојче и ја повреди нејзината 43 – годишна мајка Е.И.

Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес појаснува дека во несреќата малолетничката починала на местото на настанот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, додека со телесни повреди се здобила 43- годишната Е.И, констатирани во болницата во Велес.

Увид на местото на настанот извршил Јавен обвинител и екипа на СВР Велес.

-По превземените мерки возилото беше најдено и се превземаат мерки за расчистување на случајот, појаснува Самарџиев.

Како што информира за МИА д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на ЈЗУ Општа болница Велес мајката имала отворена рана на глава и повреда на потколеница. Поврдеите биле санирани, а утрово била испратена на домашно лекување.

Најнови вести