понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Македонците до вторник ќе чекаат за да дознаат што содржи протоколот со Бугарија – кој е во право, Генчовска или Османи?

Македонците до вторник ќе чекаат за да дознаат што содржи протоколот со Бугарија – кој е во право, Генчовска или Османи?

Македонските граѓани до вторник ќе чекаат за официјално да дознаат што всушност содржи протоколот со Бугарија. На 19 јули ќе биде познато кој е во право – Генчовска која вели дека денеска потпишаниот документ е составен дел од пакетот на францускиот предлог или на Османи кој вели дека преговорите нема да зависат од решавањето на историските прашања со источниот сосед.

А во протоколот, според брифингот одржан ден пред потпишувањето, Османи уверува дека не е на штета на Македонија и трерба подеднакво да го спроведуваат и двете држави.

Тој вели дека и Македонија и Бугарија годинава и 2023 заеднички ќе слават историски настани кои веќе добиле зелено светло од мешовитата историска комисија. За Самуиловото царство ќе биде користена формулацијата веќе одобрена од историчарите, а како што беше посочено на брифингот во 2024-2025 треба да има усогласување на учебниците со до тогаш одобрени предлози од историската комисија.

Говорот на омраза и територијалните претензии ќе бидат обврски за двете земји уверува министерот Османи а и Бугарија и Македонија ја охрабруваат комисијата за една година да го заврши Средниот век, но не ја обврзуваат.

И додека учебници ќе се менуваат по едногласна одлука на мешовитата комисија, во протоколот има член дека Бугарите треба да се најдат во македонскиот устав – услов без кој нема да може да почне процесот на отворање на поглавјата и одржување на втората меѓувладина конференција.

Најнови вести