вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Македонец кој буквално живее во Медена земја: Погледнете како чува пчели во стаклени тегли (ВИДЕО)

Македонец кој буквално живее во Медена земја: Погледнете како чува пчели во стаклени тегли (ВИДЕО)

Благојче Настевски од Преспа буквално живее во Медена земја.

Тој чува пчели во стаклени тегли, во чиста и незагадена околина во природниот резерват за птици Езерени.

Во изјава за КУРИР посочува дека со пчеларство се занимава цели 17 години.

-Пчеларството е прекрасна работа, но и многу одговорна. Се мора да се заврши на време за да се извади максимумот затоа што не е како што било порано. Постарите колеги кажуваат дека пред 30 години се вадело и по 50-60 килограми мед, со малку работа. Сега со многу труд се вади од 15 до 25 килограми, зависи од годината, раскажува Благојче во изјава за КУРИР.

Временските услови се многу важни, а годинава не се во нивна полза.

-Климата е многу сменета, по цела пролет е турбулентно. Многу врне, а потоа наеднаш доаѓа суша и жештина, рече тој.

Во изјава за КУРИР вели дека ова го работи со многу посветеност и љубов.

Најнови вести