среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

„Македонија не е на продажба“: Вечерва се останува пред Влада, протестот продолжува утре во 19 часот

„Македонија не е на продажба“: Вечерва се останува пред Влада, протестот продолжува утре во 19 часот

Иако официјално вечерашниот протест против францускиот предлог, заврши голем број граѓани останаа пред Владата. Како што беше кажано, вечерва дел од граѓаните ќе останат пред Владата, а утре протестот повторно продолжува во 19 часот.

Дека е можно да се останува пред Владата, најави и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Голем број граѓани и денеска присуствуваа на сенародниот протест кој одржува под мотото „УЛТИМАТУМ – Не благодарам“. Според учесниците, негирањето на правото на самоопределување и условувањето на македонските европски интеграции со прифаќањето еднострано бришење на културната и историската посебност и еднострано непризнавање на јазикот, не е дел од критериумите за членство во ЕУ ниту правило меѓу државите членки.

По денешната средба со премиерот Димитар Ковачевски, Мицкоски ги повика граѓаните на протестот.

-Продолжуваме со протестот кој што мислиме дека во овој момент кога се брани македонскиот идентитет е неопходен и дека сега молчењето не е опција, туку пркосот и борбата за македонскиот идентитет. За жал во 21 век Македонецот се уште се бори за својот македонски идентитет, посочи Мицкоски.

На протестот присуствуваа голем број граѓани, новинари, јавни личности, уметници, политичари.

Најнови вести