петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Македонија подготвува закон за вонредна и воена состојба

Македонија подготвува закон за вонредна и воена состојба

Министерот за правда Бојан Маричиќ на денешната прес-конференција најави закон за вонредна и воена состојба, имајќи предвид, како што рече, дека не знаеме што не очекува во иднина со коронакризата.

Маричиќ рече дека поучени од сите недоречености по прогласувањето на вонредната состојба, која кај нас е регулирана само „со еден или два члена во Уставот“, смета дека е добра идеја набргу да се донесе закон за вонредна и воена состојба. Очекувам во многу скоро време да се формира работна група и да се направи консултација со експертите, опозицијата, претседателот на државата, владините претставници, кои беа вклучени во спробедување на вонредната состојба, рече Маричиќ.

Како што најави министерот, во консултациите ќе бидат вклучени сите надлежни институции.

Најнови вести