Младото момче Марко Здравковски за кого цела Македонија се обедини да му помогне да ја победи болеста, започна да ја прима терапијата во Франција.
Марко се огласи и им се заблагодари на сите кои донирале за него.
-Би сакал да ве известам дека конечно почнав со потребната терапија во Франција. Ви благодарам на сите вас кои одвоивте време и средства за да бидам чекор поблиску до лекот. Се собра почетната сума за првите 6 месеци и се надевам дека ќе има подобрување по првите неколку третмани. Имам прекрасни пријатели и родители со чија помош успевам да верувам дека на крајот од денот се ќе биде добро. Затоа што, нема лоши денови. Само онакви кои потешко се поднесуваат. Спремен сум да извојувам победа, вели Марко.