сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Македонија се уште во портокалова фаза: Препораките продолжени до среда, овие граѓани да се ослободат од работа

Македонија се уште во портокалова фаза: Препораките продолжени до среда, овие граѓани да се ослободат од работа

Портокаловата фаза на целата територија на државата продолжува до 27 јули 2022 година. На седницата одржана во петокот Владата одлучи да ги продолжи препораките за граѓаните.

Министерството за труд и социјална политика ги повикува работодавачите, негователите и воспитувачите во градинките, вработените во Центрите за социјална работа, во Црвениот крст да ги почитуваат препораките од Министерството за здравство, за заштита на здравјето и превенирање на последиците од топлотните бранови кои следуваат, согласно Акцискиот план на Министерство за здравство за превенирање на последиците од топлотни бранови врз здравјето на населението.

Општите мерки кои треба да се почитуваат се следниве:

Ослободување од работни обврски на најранливите групи население, како што се – бремените жени и лицата постари од 60 години.

Во установите за згрижување на децата (градинки) да не се практикува физичка активност и да не ги изнесуваат децата на отворено во периодот од 11 до 17 часот.

Единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и Центрите за социјални работи во регионите зафатени со топлотниот бран да пружаат помош на осамени, стари, изнемоштени лица и бездомници.

Со оглед на фактот дека одредени ризични производни и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници, се потсетуваат работодавците на обврската за почитување на законските прописи од оваа област.

Најнови вести