Македонија вечерва повторно се гуши.
И додека граѓаните едвај чекаат да помине зимото и загадениот воздух со него, заменик министерот за животна средина Јани Макрадули се мајтапи со граѓаните.
Имено вечерва мапата на загаденост во Македонија повторно е во алармантна црвена боја, додека Макрадули на крајот од зимата вети дека власта ќе го стартува долго очекуваниот најавуван проект за инвертор клими.
И додека во скопско Лисиче вечерва загаденоста е највисока со 222 микрограми ПМ 10 честички на метар кубен, во Кичево 214, Кавадарци 200 и Струмица 197, власта на ќе им враќа пари на граѓаните откако зимото речиси и помина.