петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Македонија заглавена пред портите на ЕУ – Заев дури шест пати доби шлаканица од ЕУ за влез во унијата

Четири години подоцна од ветувањата на власта на чело со Заев останаа само празни и лажни зборови...
Македонија заглавена пред портите на ЕУ – Заев дури шест пати доби шлаканица од ЕУ за влез во унијата

И додека Македонија чека датум за отпочнување на преговорите со Европската Унија, на граѓаните им останува да се потсетуваат на најголемата лага на Зоран Заев, како и најголемата пропаганда за ширење на лажни вести.

Речиси уште пред да дојде СДСМ на власт во 2017 година во предизборната кампања во 2016 година предизборно ветуваше загарантирано членство во ЕУ на нашата земја.

Четири години подоцна од ветувањата на власта на чело со Заев останаа само празни и лажни зборови…

СДСМ низ годините поминати во фотелјите наназад преку лажните вести, билбордите, рекламите и целокупната пропагандна машинерија се обидоа да ги убедат македонските граѓани дека се на самиот чекор до членството во ЕУ.

Власта по повод членството во ЕУ дури сними и музичка песна и спот се со цел да ги разубеди македонските граѓани дека СДСМ ги отвора портите на ЕУ за македонските граѓани.

Инаку референдумот за промена на името во „Северна Македонија“ како што велеше Заев се со цел да не одведе кон ЕУ се случи на 30 септември 2018 година, или точно три години по промената на името Македонија е заглавена пред вратите на ЕУ.

За потсетување на граѓаните ова се сите безуспешни датуми во владеењето на СДСМ и Заев досега.

Прв датум на Заев-јуни 2018

Актуелниот премиер Зоран Заев ја презеде функцијата првпат во мај 2017 година по 11 годишно владеење на ВМРО-ДПМНЕ. Истата година тој ја даде и првата изјава поврзана со очекувањето на датум. Тогаш кажа дека очекува до јуни 2018 година Македонија да добие датум за пристапните преговори со ЕУ.

Втор датум на Заев- јуни 2019

Идната 2018 година на 17 јуни Заев и поранешниот премиер на Грција Алексис Ципрас како главни носители на Договорот од Преспа со кој се реши проблемот за името во Нивици присуствуваа на потпишувањето на договорот кој го со своите потписи го заверија тогашните министри за надворешни работи Никола Димитров и Никос Коѕијас.

Малку подоцна истиот месец премиерот Заев рече дека на Самитот на ЕУ државава добила чист датум за преговори со унијата, а тоа е јуни 2019 година. Ова тврдење на Заев всушност потекнуваше од одлуката на Советот за општи работи на ЕУ кој го поздрави Договорот од Преспа и вети дека преговорите ќе почнат по евроизборите во 2019 година.

Нема датум во јуни 2019 година

Но, во јуни 2019 на состанокот на Советот за општи работи на Европската унија кој се одржа во Луксембург немаше спремност од сите земји членки да препорачаат почеток на преговорите со Скопје и Тирана. Тогаш една од причините беше и што Бундестагот немаше донесено одлука па Германија беше воздржана. Препораката беше дека на прашањето ќе се навратат во октомври истата година.

Француското „не“ – октомври 2019 година

Во октомври пак францускиот претседател Емануел Макрон не дозволи двете балкански земји да ги почнат преговорите со инсистирањето за нова методологија за преговори. Така всушност и заврши 2019 година во однос на македонските европски интрегации, што донесе промена и на внатрешен план по оставката што ја поднесе Зоран Заев поради недобивањето датум. Во меѓувреме методологија за пристапниот процес се смени, Франција сега вели дека поддржува што поскоро почнување на преговорите, а на предвремените избори победи повторно партијата на Заев.

Бугарското „не“- 2020 година

Следната 2020 година може да се смета за година на бугарското не за македонските европски интеграции. Првпат, соседната земја со која државава потпиша Договор за пријателство во 2017 година реши да испорача блокада на самитот во октомври 2020 година со тврдења дека земјава го прекршува договорот за добрососедство, а имаше барања најмногу поврзани со историски теми.

Бугарско „не“-2021 година

Истата позиција официјална Софија ја задржа и сега, на самитот во јуни годинава кога рече дека нема помрднување од позицијата дека не се исполнети условите во преговарачката рамка за да се одржи меѓувладината седница со која би почнале преговорите. Сега, следните надежи се врзани за самитот на Унијата, кој треба да се одржи во октомври, ако дотогаш се реши отворениот проблем со источниот сосед.

Најнови вести