среда, 15. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Македонка ја скршила рампата на бугарско-македонската граница и им бегала на полицајците до Ќустендил

Македонка ја скршила рампата на бугарско-македонската граница и им бегала на полицајците до Ќустендил

Триесет и деветгодишна македонска државјанка на граничниот премин Гуешево меѓу Македонија и Бугарија поминала со голема брзина без дозвола од надлежните органи предизвикувајќи големи штети, јавува дописникот на БГНЕС.

Според бугарската агенција, државјанката одбила да застане за преглед на граничниот премин, ја искршила рампата, а не застанала ни на сигналот од граничната патрола веднаш после границата.

Таа не застанала се до влезот на градот Ќустендил, каде што удрила во едно возило, а потоа и во уште едно службено полициско возило.

Од таму посочуваат дека со оглед на тоа дека жената била во лоша состојба, била повикана Брза помош, при што лекарите утврдиле дека има повишена телесна температура.

Исто така, и бил направен и брз тест за ковид-19, а и била земена крв за проверка на нивото на алкохол и опојни средства. Во моментот таа е префрлена на лекување во болница во градот.

Најнови вести