Концертот „Моја љубов“, кој требаше да се одржи утре (14 февруари) е откажан поради трагичната сообраќајна несреќа која се случи кај Карпалак.
-Почитувани, Македонската филхармонија со жалење и огромна почит кон починатите во трагичната сообраќајна несреќа кај Карпалак и кон нивните семејства го откажува утрешниот концерт „Моја љубов“. Датумот на кој ќе биде одржан концертот ќе биде дополнително објавен. Слава им, стои во дописот на Македонската филхармонија.