понеделник, 13. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ТРАГЕДИЈА: Млада фудбалерка загина во несреќа при планинарење

ТРАГЕДИЈА: Млада фудбалерка загина во несреќа при планинарење

Фудбалската репрезентативка на Молдавија, Виолета Митул, почина на 26-годишна возраст по „трагична несреќа за време на планинарење со клупските колеги“, јави синоќа Би-Би-Си.

Веста за смртта на молдавската фудбалерка ја потврдија нејзиниот клуб Ајнхејри од Исланд, како и Европската фудбалска федерација (УЕФА), наведувајќи дека Митул починала „претходно оваа недела“.

Митул одигра 40 натпревари за репрезентацијата на Молдавија, а во клупската кариера настапуваше и во Италија и Шпанија.

Фудбалската федерација на Молдавија во своето соопштение ја нарече Митул „една од најдобрите фудбалерки во женската репрезентација“. (МИА)