петок, 12. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Македонската дијаспора во Франција испрати писмена нота до Европскиот парламент по повод негирањето на Бугарија на Македонија

Македонската дијаспора во Франција испрати писмена нота до Европскиот парламент по повод негирањето на Бугарија на Македонија

Претставници на Македонската дијаспора од Франција во соработка со Обединета Македонска Дијаспора со писмена нота по повод новиот бугарски меморандум со кој повторно се блокираат преговорите за влез на Македонија во Европската Унија.

Во писмото стои:

„Дами и господа, Министри, членови на Парламентот, Сенатори, високи претставници на ЕУ, Апелираме до ваше културно почитување на човековите права, за да не дозволите една земја-членка на Европската Унија да ја презира и понижува една земја која стреми кон европската кандидатура. Франција, блиско поврзана со македонската култура, но нејзина должност е да се присети во своите архивни фондови кои ги поседува во От Савоа (Haute-Savoie),поседувајќи голем број на рецензии и весници кои датираат од 1920-тите години. Источниот фронт неодамна беше одбележан по повод сто годишнината од нацистичкиот угнетувач во одбраната на слободата. Тој ќе остане врежан во нашите спомени, исто како и имињата на многуте Француски војници од француските колонии, велат преставниците на македонската дијаспора.

Тие додаваат дека низ историјата, нашите предци служеле во армиите: Србите заедно со Французите, Бугарите и Османлиите како јаничар. Дел од евреите биле депортирани во Централна и Источна Европа. Други сираци и лица без државјанство за време на грчката комунистичка револуција беа расфрлани низ земјите членки на Варшавскиот пакт.

-Да се остави земја членка да каже такви невистини за земја кандидат, не е достојна за Европа. Како се гради Европската Унија? Врз основа на митови? Негирањето на културата, јазикот, поезијата, театарот, името, историјата на една земја не е толерантно ! Треба ли да потсетиме на извештаите на францускиот новинар Алберт Лондрес ( Albert Londres) за Комитите? Или дописите на доживеаната авантура на Американката г-ѓа Хелен Стоун (Mrs Helene Stone). Неодамнешните историски барања, бранот на бугаризација на малцинствата кои зборуваат турски и монетизацијата на бугарското државјанство од страна на голем број Македонци не оставаат без зборови. Како Француски Европски Американски и останати државјани со македонско потекло, ја повикуваме вашата арбитража и вашата медијација да ставите крај на сите уцени од страна на Бугарските политички елити. Ветото во пристапниот процес за различна историја не е достојно на една земја-членка на ЕУ. Ние, Европски, Француски Американски и останати државјани со македонско потекло ви стоиме на располагање да се сретнеме со вас, да ви ја пренесеме оваа медијација / арбитража и да ви ги објасниме нашите мотивации и поплаки. Ве молиме господа Министри, пратеници, Сенатори и останати високи претставници на ЕУ, за нашата највисока почит, стои во нивната писмена нота“.

Најнови вести