„Македонски Манифест“ испрати апел до претседателот на Република Македонија и ги повикува граѓаните да го поддржат апелот за преземање на итни чекори пред ООН за одбрана на македонското име.
Поради директна, темелно организирана и сериозна закана од ИДЕНТИТЕТСКИ ГЕНОЦИД на македонскиот народ, како НОВ, до сега невиден изблик на ФАШИЗАМ, спротивно на цивилизациските постулати, како и на меѓународното и националното право, спроведуван од октроираните органи на власта – Владата и Парламентот, со безобѕирно игнорирање на јасно изразената волја на македонските граѓани од 2/3 мнозинство, на сеопштиот Референдум од 30. септември, 2018 година, а официјално потврдена и од надлежен државен орган, Ние, МАКЕДОНЦИТЕ од Републикава и странство, индивидуално, или организирани во различни неформални и формални здруженија, Ви се обраќаме Вам, како на единствена Институција, избрана со најголем број гласови на непосредни избори, која е уставно овластена за претставување на Македонија, а оттука, на волјата на македонските граѓани во огромното мнозинство, ИТНО да започнете официјална, правна процедура пред ООН за одбрана на Името по пат на признавање на Република Македонија под нејзиното ИМЕ, во согласност со принципите на ООН за САМООПРЕДЕЛУВАЊЕ на народите и правото на СЕБЕОДБРАНА, како нивно неприкосновено право, се вели во апелот упатен до претседателот Иванов.