Банките го започнаа натпреварот за добивање за промет на плаќање на „Македонска пошта“. Во петок ќе се знае колку од комерцијалните банки во земјава се заинтересирани да ја добијат работата. Голем проблем во целиот процес може да се случи доколку новата банка што ќе работи со Пошта не може да продолжи да го користи софтверот на банкротираната банка „Еуростандард“, пренесува Алсат-М.тв
Но, директорот на оваа институција вели дека е оптимист дека нема да има потреба од нов софтвер за идната банка. Блокираниот платен промет на македонски Пошти е само една од причините за финансиските загуби на оваа државна компанија, која надминува 50 милиони денари за шест месеци.
Покрај тоа што банкротирњето на Еуростандард банка ја парализираше платниот промет на „Македонска пошта“ каде не можеше да плаќаат сметки за граѓаните, запрена е исплатата на пензии и социјална помош на корисниците кои ја добивале нивната пензија на домашна адреса преку поштари.