Македонски Телеком ја информира јавноста дека во текот на денешниот ден се регистрирани повици од непознати дестинации кон нивни корисници чија цел е да се генерира непотребен сообраќај.
-За да ги заштитиме корисниците од несакани трошоци, компанијата веднаш превзеде безбедносни мерки, ги блокираше непознатите броеви и го оневозможи бирањето кон овие дестинации. Апелираме корисниците постојано да бидат претпазливи и да не одговараат на пропуштени повици од непознати броеви, со цел за да се избегнат злоупотреби и дополнителни непредвидени трошоци, велат оттаму.