вторник, 6. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Македонскиот нуркач кој почина во Хрватска бил татко на две малолетни деца: Неговите колеги се простуваат од него (ФОТО)

Македонскиот нуркач кој почина во Хрватска бил татко на две малолетни деца: Неговите колеги се простуваат од него (ФОТО)

Игор Петрушевски од Скопје е нуркачот кој почина во Хрватска откако му се слошило додека нуркал во близина на островот Вис, објави нуркачкиот клуб Амфора од Охрид.

Петрушевски е татко на две малолетни деца. Нуркачот од Македонија починал во Хрватска откако му се слошило додека нуркал во близина на островот Вис, објавија хрватските медиуми.

Сплитскиот весник Слободна Далмација објави дека станува збор за човек на средни години кому му се слошило во близина на малото островче Равник каде што и пред десетина години имало слична несреќа со загинат нуркач.

Несреќата се случила околу 11 часот вчера.

Почивај во мир другар, стои во објавата на нуркачкиот центар Амфора.

Најнови вести