четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Македонските власти ја наведнаа главата: МНР без осуда по спотот со територијални претензии кон Македонија, очекува осуда и оградување од Бугарија

Македонските власти ја наведнаа главата: МНР без осуда по спотот со територијални претензии кон Македонија, очекува осуда и оградување од Бугарија

Властите во Македонија повторно ја наведнаа главата. Министерството за надворешни работи наместо со осуда излезе со реакција по повод, како што велат од МНР, појавените несоодветни изборни спотови во Република Бугарија.

-Во напорите за засилување на дијалогот и зацврстување на довербата, сето во функција на унапредување на добрососедските односи, објавувањето на предизборни спотови во кои се изразуваат територијални претензии и еднострани чувства за припадност и присвојување кон друга соседна држава, не е во духот на градење пријателство и почитување на европските вредности, за кои заедно толку многу се заземаме. Очекуваме официјалните претставници на Република Бугарија да се оградат и ги осудат ваквите настапи на една од потенцијалните политички учесници во највисокиот дом на Бугарија, се вели во реакцијата на Министерството за надворешни работа.

Имено вчера, партијата ВМРО-БНД на поранешниот бугарски минитер за одбрана Красимир Каракачанов продоложи со провокациите кон територијалниот интегритет на Македонија.

Финалниот предизборен спот на партијата, која на последните парламентарни избори во Бугарија не успеа да го мине прагот за освојување пратенички мандати, содржи кадри од Охрид кои би можеле да бидат протолкувани дека поранешниот министер за одбрана на Бугарија ја брани бугарштината дури до Охрид.

Најнови вести